дома Политика Трипуновски до директорот на АХВ – Дали штитиш нечии бизнис и пријателски...

Трипуновски до директорот на АХВ – Дали штитиш нечии бизнис и пријателски интереси на cмeткa на здравјeтo на граѓаните?

Зоране, очигледно тебе ти дошол редот да глумиш дворски шут на Заеви и Филипче, па те терале да пишуваш статус кој и сам знаеш дека е лага или пак ти го напишале па си морал да го објавиш, реагира преку Фејсбук дополнителниот заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски.

Не постои доволно силно оправдување за игнорантскиот однос на АХВ која ти ја водиш, и за чии дејствија ти одлучуваш кон случајот со масовното труење на наши сограѓани од Скопје во една скопска сендвичарница.

Социјалните мрежи се преплавени од реакции на граѓани кои се затруле, медиумите објавија, сите телевизиски куќи имаа прилози за настанот, само ти, кој си најповикан во ситуацијата не си знаел и не си преземал ништо.

Зоране, кажи зошто 5 дена не презема ништо, народот чека од тебе одговори.

Дали штитиш нечии бизнис и пријателски интереси на сметка на здравјето на граѓаните?!, прашува Трипуновски

Јавноста очекува одговори, а ако не и дадеш сега, одговори ќе има после 15 јули,ама тогаш верувај и одговорност за се што правевте изминативе години на сметка на здравјето на граѓаните и на штета на буџетот на државата.