дома Македонија ТРИПУНОВСКИ: Трајан се фали со наводно нови проекти во водостопанство, а не...

ТРИПУНОВСКИ: Трајан се фали со наводно нови проекти во водостопанство, а не отишол до Свети Николе, Кочани, Неготино и Кавадарци

Го гледам денес Трајан се фали со наводно нови проекти во водостопанство, а не отишол до Свети Николе, Кочани, Неготино и Кавадарци да ги види каналите и пумпните станици кои треба да опслужуваат илјадници хектари, како се нефункционални. Мрежата на каналите за наводнување низ цела држава е во пропаѓање, земјоделците немаат пристап до вода, и наместо да фати да го решава проблемот ветува нешто кое не се гледа, ниту пак земјоделците имаат можност за бенефит, реагира дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Фатете се за работа, исчистете ги каналите, поправете ги пумпите. Земјоделците очекуваат одговорен пристап. Зарем и оваа година да ја поминат без вода!? Срамота!, вели во својата објава Трипуновски.

Линкот може да го погледнете тука.