December 8, 2022, 7:50 am

Три бeзживoтни тела на девојчиња пронајдени во нивниот дом во Нов Зеланд – мајката осoмничeна за yбиcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Нов Зеланд пронашла безживотни тела на три девојчиња во куќа во градот Тимар. Пронајдени се телата на тригодишните близначки Маја и Карла и нивната седумгодишна сестра Лијана. Во овој момент не е познато како се убиени девојчињата, а медиумите пишуваат дека мајката е осомничена дека ги убила децата.

Локалните медиуми јавуваат дека нивните родители Греам и Лорен Дикасон неодамна се преселиле од Преторија во Нов Зеланд, со цел да започнат нов живот. Семејството, кое изгледа идилично на фотографиите, веќе некое време планирало да се пресели во Тимар. И Греам и Лорен се лекари, ортопедски хирурзи и по пристигнувањето во Нов Зеланд, тие биле сместени во куќа изнајмена од локалната болница за експерти кои доаѓаат од странство.

Само неколку дена откако се вселиле во куќата лоцирана веднаш спроти болницата, децата биле пронајдени мртви.

Полицијата била повикана на адресата во четвртокот вечерта околу 22 часот. Во куќата се пронајдени безживотни тела на девојчиња и мајка со тешки телесни повреди. Лорен била итно префрлена во болница и наводно е во стабилна состојба.

Според првите информации, телата на девојчињата ги пронашол таткото.

Форензичарите веднаш ја изолираа куќата и околината и го истражуваат тројното убиство.

– Потврдуваме дека во куќата се пронајдени безживотни тела на девојчиња на возраст од 7 и три години. Семејството пристигна во Тимар од Јужна Африка минатата недела – објави полицијата.

Тие рекоа дека истрагата за злосторството е сеуште во тек, но дека во овој момент нема осомничени по кои се трага.

Никому не му е јасно што се случило синоќа во куќата на семејството Дикасон. Сосетката рече дека слушнала силен тресок, а потоа плачења и лелекања околу 21,40 часот.

– Излеговме надвор и сфативме дека звуците доаѓаат од соседната куќа – рече сосетката.

Потоа забележала сосед како разговара со некого на задната врата од таа куќа, а потоа истиот сосед повикал полиција.

– Веднаш обиколија се. Не сме сигурни што се случи – рече сосетката.

Следниот момент, виде жена како ја носат во брза помош.

Керен и Бред Каупер, кои исто така повикале полиција, за медиумите изјавиле дека околу 22 часот слушнале човек како вреска и стенка.

– Го прашавме дали е добро, но тој не одговори, само врескаше и плачеше неконтролирано. Тој рече: „Дали е можно ова да се случи?” вели Карен.

Медиумите пишуваат дека Греам и Лорен неодамна ја прославиле својата 15 -годишнина од бракот.

Во таа прилика, тие прикачувале љубовни статуси на социјалните мрежи и се однесувале среќно.

Кон крајот на август, Греам објави фотографија на социјалните мрежи од ќерките од аеродром како се смеат додека држат играчки во рацете. Приближно во исто време, Лорен побара од локалните жители на нејзината страница на Фејсбук да препорачаат училишта и градинки во Тимар.

Полициската истрага за целиот случај се уште трае и во овој момент не е познато кога ќе бидат познати повеќе детали за оваа трагедија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This