дома Свет ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ХИМНАТА: Кина донесе нов закон за...

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ХИМНАТА: Кина донесе нов закон за заштита на достоинството на земјата!

Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес ја усвои измената во Кривичниот закон со кој за непочитување на државната химна се казнува и со три години затвор

Со тоа се предвидува казната за луѓето за кои ќе се утврди дека во јавност искажале „сериозно“ непочитување кон националната химна, да добијат казна затвор до три години. Одлуката е донесена откако претседателот на Кина Си Џинпинг на крајот на октомври му е доделен нов петгодишен мандат за генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.

АП наведува дека во Хонконг, каде Џинпинг се обидува да ја потврди неговата власт, во изминатите неколку месеци дошло до политички тензии поради кинеската химна „Марш на доброволците“.

Фудбалските навивачи во Хонгконг ја исвиркале химната на Кина на натпреварот кој го играа домашниот тим со тимови од Кина и други земји, поради што Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја казни надлежната хонгкошка организација.

Амандманот кој денес е усвоен во Пекинг предвидува притвор и потоа затвор до три години, со лишување на политичките права.