дома Локално ТУКА НЕМА ПРОСТУВАЊЕ: Негователка истурила врело кафе на лицето на детенце во...

ТУКА НЕМА ПРОСТУВАЊЕ: Негователка истурила врело кафе на лицето на детенце во Скопје!

Според податоците од полицијата, во 16 часот и 20 минути 33-годишната М.Г. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути во градинката „Срничка“ – објект „Чекорче“ , поточно во занималната на постара предучилишна група, додека нејзината малолетна ќерка лежела во нејзиното креветче, од страна на непозната негувателка било истурено кафе врз лицето на детето.

Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница.

Од страна на родителот детето било однесено на лекарски преглед во Детска хирургија-Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на негувателката.