December 6, 2022, 6:40 pm

Тука не е достапен, но сопственикот на „Беса транс“ два пати бил на распит во бугарското oбвинитeлство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу два пати бил на распит во бугарското обвинителство, потврдуваат оттаму за „Телма“, но не откриваат повеќе. Во меѓувреме, тој останува недостапен за македонските истражни органи кои никако не можат да влезат во неговата фирма.

Улица 1 број 1 Село Рашче. Ако се отиде на оваа адереса на 16 тина километри од Скопје може да се види плац полн со автобуси комбиња но и семејна куќа. Но ако се погледне во централниот регистар на истата адреса се регистрирани две фирми, речиси со идентични имиња, чиј основач е Беса Транс, со сопственици кои имаат исто презиме Хаџиу, но со голема разлика во годините на формирање.

Првата Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје е формирана на 19 август 2009 а нејзин сопственик и управител е Беким Хаџиу. Низ годините таа била регистрирана и за градежни работи, но сепак основната дејност и била транспорт. Втората и многу подоцна создадена, на 18 август годинава е Беса Транс 2 и БТ 2000 ДООЕЛ, а нејзин сопственик е Мереме Хаџиу, сопругата на Беким Хаџиу кој после случувањето на несреќата повеќе не е достапен за македонските власти.

Тој е во Бугарија каде КОД дознава дека веќе дал две изјави поврзани со сообраќајната несреќа во која се запали автобус на неговата фирма и во него изгореа 45 луѓе. На какви околности бил испитуван за сега од бугарското обвинителство не откриваат, но ја потврдуваат информацијата за распитот на газдата на Беса Транс. Тој пак тука не е достапен за македонските истражни органи кои никако не можат да влезат во неговата фирма, се вели во дел од емисијата „КОД“ која вечерва ќе се емитува на „Телма“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This