дома Македонија ТУНТЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, НЕМА ДА ГЛАСА ЗА СЕВЕРНА: Крсто, Љубен, Сашо, Бети,...

ТУНТЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, НЕМА ДА ГЛАСА ЗА СЕВЕРНА: Крсто, Љубен, Сашо, Бети, Нола, Зеќир, Авировиќ, Александрова, се слушаме?

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски во својот последен твит посочи дека оставката на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев е резултат на тоа што тој не сака да гласа за промена на уставното име. Понатаму тој ги повика своите поранешни сопартијци и едниот пратеник од коалицијата о да тргнат по стапките на Тунтев и тие да си поднесат оставки за да не гласаат за Северна, да имаат малку храброст, малку доблест, малку патриотизам!

Само Тунтев од СДСМ си поднесе оставка и нема да гласа за промена на уставното име. Крсто, Љубен, Сашо, Бети, Нола, Зеќир, Авировиќ, Александрова, се слушаме? Нешто малку храброст, малку доблест, малку патриотизам? #НикогашСеверна #СекогашМакедонија