дома Балкан ТУРСКО-ГРЧКИ ПОМОРСКИ ИНЦИДЕНТ: Турски брод избрка грчки патролен чамец и воен брод!

ТУРСКО-ГРЧКИ ПОМОРСКИ ИНЦИДЕНТ: Турски брод избрка грчки патролен чамец и воен брод!

Воената морнарица на Турцијане дозволи чамец на крајбрежната стража и патролен брод на Грција да се приближат кај спорните острови Имија (Кардак) во Егејското море, се наведува во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција

„Грчкиот брод на крајбрежната стража и патролниот брод на 28.јануари околу 11.30 часот се обидоа да влезат во регинот на островот Кардак. Воената морнарица на Турција го спречи нивниот обид да се приближат на овие острови“, соопштуваат од воениот ресор.

Наведено е дека Вооружените сили на Турција продолжуваат да ги „штитат интересите на државата во рамки на државното право“.

Спорот околу територијалната припадно на двата ненаселени острови Имја во Додеканскиот архипелаг на Егејското море доведува до криза во односите на Грција и Турција. Конфликтот беше разрешен по мешањето на меѓународната заедница, НАТО и САД. Последните два дена падна хеликоптер на воената морнарица на Грција, кога загинаа три грчки офицери. Причина за несреќата била техничка грешка.