ТУРЦИЈА РУШИ РЕКОРДИ ВО ТУРИЗМОТ: 13% поголема посетеност,12.5 милијарди профит, 1.5 милијарди заработка само од облека и обувки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Странските посетители и турските државјани кои живеат во странство, кои пристигнале во Турција во првата половина од тековната година, за време на нивниот престој потрошиле околу 1,55 милијарди американски долари за облека и обувки, покажаа вчера официјалните податоци.

Приходите од туризам во Турција скокнаа скоро 10% во периодот јануари-јуни и достигнаа над 12,6 милијарди американски долари, според турскиот институт за статистика (ТуркСстат). Просечната потрошувачка на посетителите во периодот јануари-јуни изнесувала 649 долари по жител.

Туристите кои одмориле во Турција во овој период потрошиле 9,66 милијарди американски долари за лични трошоци и 2,94 милијарди американски долари на пакетни патувања, покажуваат податоците.

Облеката и обувките имаат удел од 12% и достигнале скоро 1,55 милијарди американски долари. Посетителите исто така потрошиле 545 милиони долари на сувенири и 52 милиони долари на килими и теписи. Додека трошењето на услуги за марина достигнале 21 милиони американски долари, другите расходи изнесуваат 404 милиони американски долари.

Во меѓувреме, Министерството за култура и туризам минатата недела објави дека бројот на странци кои ја посетувиле Турција се искачил за 13,2% споредбено со истиот периодот лани.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This