дома Свет ТУРЦИЈА ЌЕ ОТПУШТИ 3.000 ВОЈНИЦИ: Поради врски со Фетула Ѓулен, турските власти...

ТУРЦИЈА ЌЕ ОТПУШТИ 3.000 ВОЈНИЦИ: Поради врски со Фетула Ѓулен, турските власти ќе отпуштат 3.000 војници

Турските власти идентификуваа 3.000 лица во Вооружените сили на Турција, за кои се претпоставува дека се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, информира денеска турскиот министер за одбрана Нуретин Џаникли.

Џаникли најави и дека тие лица ќе бидат отпуштени од армијата во наредните денови.

Анкара го обвинува проповедникот Ѓулен дека стои зад организирањето на обидот за државен удар во Турција во јули 2016 година.