дома Економија ТУТУНАРИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ЛЕБОТ: Ништо од ветувањата на СДС – нема...

ТУТУНАРИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ЛЕБОТ: Ништо од ветувањата на СДС – нема субвенции и зелена нафта!

Ништо од реформите, ништо од ветувањата. Повторно сметки за Радиодифузна такса, повторно скапа струја, минималната плата не е 30.000 денари, докторите специјалисти не добија 100.000 денери стартна плата…


На овие ветувања и разочарувања се надоврзаа и земјоделците. Тутунарите очекуваа 90 денари субвенции, зелена нафта, механизација… но, повторно едно големо-ништо!

Редно време е да ги добијат заслужените пари. Од тоа им зависи егзистенцијата. Единствено средство за живот им се парите од тутунот и субвенциите. Покрај нив најразочарани се пензионерите, 330.000 кои поверуваа дека минималната пензија ќе биде 28.000 денари како што ветуваа лажните „реформатори“.