December 6, 2022, 6:20 pm

Тeнзиитe pacтат: Пекинг мy yпaти jacнa пopaкa на Бајден – „Немojтe дa нe тecтиpaтe, Тajвaн e дeл oд Kинa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеските власти ја критикуваа и одговорија на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека Соединетите Американски Држави ќе го бранат Тајван доколку е потребно во случај на нивен конфликт со Кина.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, ги коментираше изјавите на Бајден јавија агенциите.

„Тајван е нераскинлив дел од Кина. Странската интервенција е неприфатлива кога станува збор за Тајван“, рече Венбин.

Тој исто така кажа дека Кина одлучно ги брани своите интереси и нема да отстапи од нив.

„Никој да не се обидува да ја тестира решителноста и капацитетот на Кина да го брани својот суверенитет и територијален интегритет“, рече тој.

Истовремено ги повика САД да го почитуваат принципот на интегритет на Кина и да не даваат погрешни сигнали на сепаратистичките кругови во Тајван.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This