дома Хроника Тeтoвчaнкa co пoмoш нa нejзиниoт бpaт, oд coпpyгoт yкpaлa 400.000 швajцapcки фpaнци

Тeтoвчaнкa co пoмoш нa нejзиниoт бpaт, oд coпpyгoт yкpaлa 400.000 швajцapcки фpaнци

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против А.Х.(65) од Тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.  

Двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на нејзиниот брат С.С. да украде 400.000 швајцарски франци од А.Џ.(80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг и да избега во Босна и Херцеговина.

По пријава на случајот во СВР Тетово, А.Х. исто така, заминала во Босна и Херцеговина и од нејзиниот брат ја одзела комплетната сума, по што заминала во Швајцарија.