February 29, 2024, 9:46 pm

Тoваpeн вoз yдpил мигpaнт кaj Нeгoтинo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Товарен воз удрил во мигрант кај Неготино, кој, според информации на полицијата,со тешки повреди бил пренесен во болница.

Несреќата се случила вчера во 09.00 часот на пругата Гевгелија-Скопје, во близина на цигланата кај Неготино. Товарниот воз, кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, удрил во мигрантот.

Во незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Инаку на автопатот од грчка граница кон Македонија постојано се движат полициски патроли како македонски, така и од земји со кои Македонија има склучено билатерален договор. Но, мигрантите избираат да се движат по пругата, што е многу ризично. Неодамна на истата пруга настрадаа смртно двајца мигранти, а неколкумина беа потешко повредени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This