дома Актуелно УАПСЕНИОТ ВО СТРУМИЦА ПРЕТХОДНО ОБВИНЕТ ВО „ПУЧ“: Лицето Б.Г. уапсено во Струмица...

УАПСЕНИОТ ВО СТРУМИЦА ПРЕТХОДНО ОБВИНЕТ ВО „ПУЧ“: Лицето Б.Г. уапсено во Струмица поради поткуп, претходно апсено за „Пуч“

Во Струмица е уапсено лицето Б.Г кој е вработен во Комуналец ,истото лице се сомничи за поткуп на гласови за овие избори , истотака ова лице на струмичани и на Македонската јавност е познато од претходно во судскиот процес „ПУЧ“ каде беше на лице место фатен со „бомбите“ со сопругата на З.В. во неговата куќа.


Освен него уапсени се уште двајца активисти на СДСМ за истото кривично дело – поткуп.
Во Струмица во моментов има поголемо присуство на полицијата со оклопни возила

Ова се двете најважни прашања на кои ке треба да одговори претстојната истрага во која засега е опфатено само едно лице. Имено, 52 годишен струмичанец , според сознанијата кои ги добивме од полиција, кружел низ градот со лични податоци од припадници на ромската заедница и избирачки список со точни места на кои што се гласа.

Околу 14:30 часот, запрено е ПМВ ,,Фиат” со струмички регистерски ознаки, управувано од Б.Г.(1964) од Струмица. Во багажникот е пронајдена копија од избирачки список и тетратка со податоци на лица од ромска националност, како и броеви на избирачки места каде истите треба да гласаат.

Сопатници биле и лицата Е.Ф. (44), А.А. (32), А.А. (55) и К.А. (37), сите од Струмица.
При првичниот преглед на возилото, во багажниот простор била пронајдена копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас.
Поради постоење основи на сомнение дека истите се сторители на кривичните дела „злоупотреба на лични податоци“, „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „поткуп при избори и гласање“ било известено Основното јавно обвинителство во Струмица.
Од Судија на претходна постапка била добиена наредба за личен претрес на наведените лица, за претрес на возилото и за одземање на мобилните телефони.
Постапено е по истите Наредби и согласно обезбедените докази ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство