October 1, 2022, 8:57 am

Уапсен американски инжинер кој шпионирал за Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инженер кој работел во фирма за одбранбена индустрија во САД е уапсен бидејќи се обидел да пренесе доверливи информации на вработен во ФБИ, за кого се мисли дека е руски агент, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Американското Министерство за правда соопшти дека Џон Мареј Роу, кој 10 години работел како инженер во федерална одбранбена фирма за изведувачи, е уапсен затоа што се обидел да испрати тајни информации на вработен во ФБИ, за кого се мисли дека е руски агент.

Претставници на ФБИ истакнаа дека 63-годишниот Џон Мареј Роу од Јужна Дакота е отпуштен од работа поради прекршување на безбедноста.

На средбата со тајниот агент на ФБИ кој се преправал дека е руски агент во хотел во Јужна Дакота, Роу на тајниот агент му кажал дека е заинтересиран да се пресели во Русија и да ја информира руската Влада.

Како дел од истрагата, според владините информации, откриено е дека Роу разменил повеќе од 300 мејлови со друг вработен во ФБИ кој се претставувал како руски шпион во период од осум месеци, почнувајќи од март 2020 година.

Според судските записи, Роу во една е-пошта споделил детали за американските воени авиони, а во друга напишал: „Ако не можам да се вработам овде, тогаш ќе работам за другиот тим.“

Роу е уапсен поради обид да испрати информации за националната одбрана на САД и да помогне на странска влада.

Се истакнува дека Роу најверојатно ќе биде осуден на доживотен затвор.

Обвинителите наведоа дека Роу работи како тест-инженер за фирми изведувачи во областа на одбраната веќе 40 години и има безбедносни сертификати.

Роу е отпуштен од воздухопловна компанија во март 2018 година поради кршење на безбедносните правила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This