дома Европа УАПСЕН ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА ИТАЛИЈАНСКАТА МАФИЈА

УАПСЕН ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА ИТАЛИЈАНСКАТА МАФИЈА

Во текот на вчерашниот ден беше уапсен еден од озлогласените водачи на италијанското подземје и член на мафијата од страна на италијанската полиција, објави ДПА.

Акцијата се случила во Калабрија каде што 28-годишниот Луиџи Абрузи беше уапсен во неговипот дом.

Оружје, муниција и лажни документи се пронајдени во домот на Абрузи.

Се верува дека тој раководел со мрежа за шверц и дистрибуција на дрога. Тој шверцувал дрога од Колумбија, Авганистан и Албанија и истата била дистрибуирана во Италија и цела Европа. Притвореникот се смета за еден од водачите на Ндрангета “Ndrangheta group” , група која делува исклучиво на северот на Италија.

Тој има 15-годишна историја со кражби и трговија со дрога. Абрузи се криел во Германија, три години пред да биде уапсен во неговиот дом во Калабрија.