дома Актуелно УАПСЕН ЕДМОНД ТЕМЕЛКО: Хунтата на СДС започна со политички апсења, притворен Едмонд...

УАПСЕН ЕДМОНД ТЕМЕЛКО: Хунтата на СДС започна со политички апсења, притворен Едмонд Темелко единствениот македонски градоначалник во регионов!

Основниот суд во Скопје го прифатило барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, објави Алсат-М. Како што пишува овој медиум на градоначалникот на општината Пустец во Албанија му е одреден 30-дневен притвор за случајот „Титаник“ кој се однесува на евентуални изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

 

Темелко е градоначалник на општина Пустец во соседна Албанија, и единствен македонски политички фунцкионер во регинот. Тој веќе еднаш беше приведен од страна на Оливер Спасовски минатата година, кога по негова наредба, потпишана од Фатиме Фетаи, незаконски го уапсија во неговиот дом, насилно влетувајќи во неговиот дом во кој биле присутни неговите деца и сопруга.

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со политичката хајка и притисоците врз кандидатите за градоначалници што е израз на нивниот страв и нервоза од претстојниот изборен пораз. Она што Социјалдемократскиот сојуз го прави не е само киднапирање на институциите, не е само диктатура и режим, во Македонија завладува хунта, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.