December 8, 2022, 7:59 am

Убавата водителка Милена успешно ја криеше бременоста: Повторно ќе стане мајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителка Милена Антовска е бремена и по втор ќе стане мајка. Милена и нејзиниот сопруг Гордан Станковски повторно ќе станат родители, а нивната ќеркичка Лана Марија ќе стане постара сестричка.

Овие убави вести, Милена ги потврди за порталот ММС и го откри полот на бебето.

-Да вистина е, на половина бременост сум, уште малку ќе бидам во петиот месец. Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско, наша втора ќерка, а Лана Марија ќе добие сестричка. Уште едно девојче, навистина сум многу среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме син, но не ми е важно. Нели ќерките повеќе ги чуваат родтелите, па ако е така јас и Гордан ептен ќе бидеме чувани“, вели Милена.

Таа вели дека се уште не размислувале за името на ќеркичката и откри како ја поднесува втората бременост.

-Име уште не сме смислиле, сега за сега не можеме да се договориме. За Лана се договоривме веднаш, па потоа го додавме Марија, бидејќи се роди на Голема Богородица. А за ова има време, ќе смислиме, нека е живо и здраво, тоа е најважно. Лана е превозбудена, ептен среќна е и секој ден прашува како е бебето. Јас се чувствувам супер, се е во ред иако малку ми е потешко од првата бременост. Но, и жештините си го прават свето. Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи“, вели Антовска за ММС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This