дома Хроника УБИЕН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БОГОВИЊЕ: Непознат сторител пукал во него, градоначалникот починал во...

УБИЕН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БОГОВИЊЕ: Непознат сторител пукал во него, градоначалникот починал во болница во Тетово!

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи починал откако денеска бил застрелан од огнено оружје. Тој бил донесен во тетовската клиничка болница околу 10 часот и 45 минути но од здобиените повреди починал, потврдија од Министерството за внатрешни работи и од болницата.

Според првични информации, екипи на полицијата и јавниот обвинител се организираат за да се изврши увид на самото место.

Засега нема информации за можниот сторител, причините и друго поврзано со овој случај.