дома Македонија УБИЕЦ ВО ОБИД ПОСТАВЕН ЗА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР: Полицијата три години...

УБИЕЦ ВО ОБИД ПОСТАВЕН ЗА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР: Полицијата три години го барала за обид за убиство, Шилегов го назначил за член на Управен одбор на Зоолошка!

Според полицијата, Кан се сомничи дека пред три години, во мај, со десетчлена банда се обиделе да ги убијат браќата С.Р.(49) и С.Р.(34) , сопственици на бензинската пумпа “Седум браќа”

Осмничен за убиство по кого три години полицијата трагала, сега ќе се грижи за животните во Зоолошката градина.

Имено, на предлог на претседателот на советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, а изгласан од советничкото мнозинство на СДСМ, Метуш Кан е назначен за член на надзорниот одбор на Золошката градина во Скопје.

За лице со истото име и презиме весникот Вечер своевремено пишуваше: По три години полицијата му влезе во трага на скопјанецот Метуш Кан (32), кој од судот се барал по потерница за извршено дело обид за убиство. Кан минатиот викенд бил забележан во Скопје, уапсен и по наредба на истражен судија, кој му одредил притвор од 30 дена, бил пренесен во Истражниот затвор “Скопје”.

Според полицијата, Кан се сомничи дека пред три години, во мај, со десетчлена банда се обиделе да ги убијат браќата С.Р.(49) и С.Р.(34) , сопственици на бензинската пумпа “Седум браќа”.

-Вооружената група со два автомобили “Пежо” и “БМВ”, пристигнале на бензинската пумпа, лоцирана на автопатот од Скопје кон Тетово, каде што отвориле рафален оган кон објектот. Во пукотниците со прострелни рани во карлицата се здобил постариот брат, додека помладиот бил повреден во градниот кош и двете потколеници. Полицијата се уште трага по другите учесници во нападот на сопствениците на бензинската пумпа, пишува весникот Вечер.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на советот каде СДСМ изгласа над стотина членови на надзорни и управни одбори гласаше против ваквите предлози. Тие реагираа и поради фактот што се предлагаат членови на управни и надзорни одбори без да се достави нивната биографија и професионално портфолио, а причината зошто не се прави ја ноаѓаат во фактот што има скандалозни предлози меѓу кој е и посочениот Кан.

-Причината зошто ги кријат нивните биографии што претставува прекршување на една востановена пракса од претходно е поради тоа што има за предлози луѓе кои не ги исполнуваат законските услови, а се редат не поради професионални туку партиски заслуги, вели советничката Јелена Жугиќ.

-Немаме ниту информација дали го имаат потребното тригодишно искуство од областа, дали се неосудувани, и дали имаат сертификат за познавање на јазик, додава Жугиќ.

Претседавачот на Совет Јанчева и управата на градоначалникот на Скопје Шилегов останаа недостапни за коментар за ваквиот начин на поставување на членови на одбори, и дали Метуш Кан ќе биде повлечен од доделената позиција.

Кога се дискутираше на седницата на совет за предлогот Кан да биде именуван за член на одбор претседавачот на Советот Јанчева дека делото за кое се товари се случило во 2007та година со што само покажа дека е добро запознаена со биографиите на членовите кои ги предлага и дека тоа не му смета ниту на Шилегов ниту на мнозинството на СДСМ кое заедно со Јанчева гласаше за ваквиот прелог.