дома Актуелно УБИСТВО ВО ЧАИР: Медиумите на албански јазик објавија фотографии од местото на...

УБИСТВО ВО ЧАИР: Медиумите на албански јазик објавија фотографии од местото на убиството

Едно лице е застрелано доцна попладнево со огнено оружје на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир, поточно на автобуска постојка,

Како што пренесува Алмакос, најпрво се слушале истрели од калашников, а потоа било пронајдено тело на момче на возраст меѓу 20 и 30 години.

Очевидци за Алмакос изјавиле дека напаѓачите пукале од возило „Југо“ во движење. Тие додаваат дека за среќа нема други жртви, што можело лесно да се случи бидејќи постојката била полна со луѓе.

Мотивите за убиството не се познати.

Неофицијално, дел од медиумите јавуваат дека убиеното момче е 24 годишниот Бурим Идризи.