дома Македонија УБК СО НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ, НУХИУ „ИНТЕРВЕНИРАЛ“: Лица ризични за државната безбедност вратени...

УБК СО НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ, НУХИУ „ИНТЕРВЕНИРАЛ“: Лица ризични за државната безбедност вратени на скопскиот аеродром!

Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање даде негативно мислење за Рефик Исмаили и Енвер Куртиши и двајцата вработени на скопскиот аеродром, како ризични за државната безбедност, објави „Журнал“.

Новинската агенција Журнал дознава дека поради овој факт реагирале заменик-министерот Агим Нухиу и заменик-директорот Ариф Асани и истите ги вратиле на работа.

Нухиу апелирал до двајцата да го известат неговиот кабинет, ако оценат дека кон нив се направени неправди.