дома Хроника Угocтитeлcки oбjeкт вo Трубарево paбoтeл пo дoзвoлeнoтo вpeмe, пpивeдeнa coпcтвeничкaтa

Угocтитeлcки oбjeкт вo Трубарево paбoтeл пo дoзвoлeнoтo вpeмe, пpивeдeнa coпcтвeничкaтa

Во Полициската станица Гази Баба синоќа во 22 часот било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи после 21 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи  и во него има гости.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.