дома Македонија УКИНАТ ПРИТВОРОТ ЗА КОЧАН: Судот ја укинал одлуката за притвор и потерницата...

УКИНАТ ПРИТВОРОТ ЗА КОЧАН: Судот ја укинал одлуката за притвор и потерницата по сопственикот на ТВ Нова и „Трансмет“ Сеад Кочан

Информацијата ја лиферуваше телевизијата Алсат-М која се повикува на сигурни извори.

Укинат е притворот за сопственикот на „Трансмет“ бизнисменот Сеад Кочан, дознава Алсат М од сигурни извори.Според информаците на телевизијата, ваква одлука е донесена во текот на вчерашниот ден.

Со ова, се поништува домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан, уште пред речиси 2 месеци, откако бизнисменот се даде во бегство.