дома Русија УКРАИНА СПРЕМА НОВА ОФАНЗИВА НА ДОНБАС: Властите во Луганск предупредуваат од нова...

УКРАИНА СПРЕМА НОВА ОФАНЗИВА НА ДОНБАС: Властите во Луганск предупредуваат од нова серија на крвопролевање!

Министерството за државна безбедност на Луганската народна република има податоци за тоа дека Украинските безбедносни сили припремаат офанзива од големи размери, изјави ресорниот министер Анатолиј Антонов

Претходно е соопштено дека соработниците на ова министерство спречиле диверзија на територија на државната радио-телевизија на ЛНР. Според податоците на Министерството, непознати напаѓачи се обиделе да го прекинат системот за итно известување на жителите за вонредни ситуации.

„Во Луганск е изведен неуспешен обид за диверзија чија мета беа системи за известување на цивилното население на ЛНР за вонрадни ситуации и обновување на борбените дејства. Радискиот и телевизискиот предавател сведочат за тоа дека командата на украинската војска припрема голема офанзива во Донбас“, вели Антонов.

Министеството има податоци и дека на линијата на разграничување се собираат украински тенкови, додека во одредите на вооружените сили на Украина се собираат инструктори од странство.