дома Свет УКРАЛЕ ПОГРЕБНО КОМБЕ СОСЕ МРТОВЕЦ НА ФЛОРИДА

УКРАЛЕ ПОГРЕБНО КОМБЕ СОСЕ МРТОВЕЦ НА ФЛОРИДА

Полицијата на Флорида објави дека пронашла комбе со мртовец внатре, кое било украдено од компанија која врши кремирање.

Канцеларијата на шерифот во Џексонвил изјави дека комбето било пронајдено оставено ден откако било украдено. Телото на човекот кој починал во локалната болница сѐ уште било врзано внатре.

Педесет и шестгодишниот возач ѝ рекол на полицијата дека го паркирал комбето „хонда одиси“ и влегол во канцеларија за да пополни документација за транспортот. Вратите од комбето не биле заклучени, а тој ги оставил и клучевите внатре. Кога се вратил назад, комбето веќе било украдено.

Засега нема уапсени во врска со овој случај.