November 29, 2022, 3:40 pm

Украл криптовалута со вредност од 600 милиони долари – компанијата што ја ограбил му понудила работа и парична награда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во драматичен дигитален пресврт на настаните, на хакер кој искористи недостаток за да украде криптовалута во вредност од 600 милиони долари од веб-страница за тргување, му била понудена работа како главен советник за безбедност во компанијата што ја ограбил.

Дури му биле понудени и 500.000 долари како награда ако може да ја пронајде и да ја идентификува мааната што му овозможила да ја наруши безбедноста на мрежата, но тој ги одбил пред да го врати украденото.

„Поли нетворк“, платформа за извршување трансакции со криптовалути преку различен блокчејн, била шокирана кога открила дека биле украдени повеќе од половина милијарди долари од хакерот кој се нарекувал Вајт Хет.

Додека средствата биле обележани, со што речиси било невозможно да се претворат во долари, „Поли нетворк“ одлучила дека најдобриот начин да ја обезбеди својата мрежа е да го ангажира човекот што успеал да ги украде криптовалутите.

Во соопштение, „Поли нетворк“ рече дека одржува секојдневна комуникација со Вајт Хет, кој ја споделил својата загриженост за безбедноста и стратегијата за развој на компанијата.

– Сакаме повеќе експерти како Вајт Хет да бидат вклучени во идниот развој на „Поли нетворк“. Исто така, сакаме да му се заблагодариме и да го поттикнеме Вајт Хет да продолжи да придонесува за напредокот на безбедноста во блокчејн-светот, па затоа го поканивме да биде главен советник за безбедност на „Поли нетворк“ – изјавија од компанијата.

„Поли нетворк“ неколку пати истакна дека одлучиле да не го гонат правно Вајт Хет. Иако Вајт Хет ја одби понудата од 500.000 долари за да го пронајде изворот на нарушувањето на безбедноста, компанијата сепак му ги дала парите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This