дома Социјални Мрежи УЛИЦИТЕ ОПАСНИ ПО ЖИВОТ: Аеродром блокиран од снегот, градоначалникот мува не го...

УЛИЦИТЕ ОПАСНИ ПО ЖИВОТ: Аеродром блокиран од снегот, градоначалникот мува не го лази

Улиците во општина Аеродром се опасни по снегот кој не е исчистен, а поради минусните температури, почна да замрзнува.

„Аеродромските улици и тротоари опасни за возење и пешачење. Општината со мал прст не мрда и мува не го лази градоначалникот.

Драги граѓани, за сите евентуални несреќи што може да се случат, материјална одговорност заради неспособноста на градоначалникот, сноси општината“, пишуваат на Фејсбук групата „Аеродром во моето срце“.