УНГАРИЈА БАРА 3.000 РАБОТНИЦИ: Ќе работат на границата со Србија – еве кои се условите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарската полиција објави оглас за вработување на 3000 „ловци на мигранти“ за испомош околу 10 000 полицајци и војници кои моментално патролираат долж границата со Србија, зајакнати со бодликава жица како би се спречил влез на мигранти. Новите регрути, како полицајци, ќе имаат пиштоли со вистински куршуми, како и спреј, пендреци, лисици и заштитна опрема, пренесе БиБиСи.

madjarska

Новите чувари ќе почнат да работат во мај следната година, а пред тоа треба да поминат шестмесечна обука, соопштила полицијата.

Кандидатите мораат да бидат постари од 18 години, во добра физичка кондиција и мораат да поминат психолошки тест, рекол за унгарската државна телевизија полицаецот Жолт Пожгај и додал дека чуварите првите два месеци ќе имаат плата од 150 000 форинти (480 евра) а после тоа 220.300 форинти (околу 710 евра)

Погледнете го спотот на унгарскиот десничар кој меѓу првите ја промовираше оваа идеја:

1 коментар

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This