дома КОВИД-19 (Коронавирус) Унгарија се подготвува со масовно вакцинирање – 100.000 пријавени на прв ден...

Унгарија се подготвува со масовно вакцинирање – 100.000 пријавени на прв ден од апликација

На првиот ден од апликацијата за вакцинација против вирусот корона во Унгарија, се пријавија над 100.000 граѓани, објави владата.

Чаба Домотор, државен секретар во кабинетот на владата, во видео изјава на Фејсбук рече дека владата нарачала 17 милиони дози различни вакцини од различни производители, пренесува унгарската МТИ.

Масовната вакцинација ќе започне кога надлежните здравствени институции ќе ја одобрат вакцината, додаде тој. Унгарија е единствената земја од Европската Унија која наскоро планира да ја произведува лиценцирано руската вакцина „Спутник V“, но истовремено набавува вакцини од сите производители на вакцини кои имаат поминато клиничко тестирање.