дома Свет УНЕСКО ОСТАНА БЕЗ ДВАТА НАЈМОЌНИ ЧЛЕНА: Израел и САД истапија од членство...

УНЕСКО ОСТАНА БЕЗ ДВАТА НАЈМОЌНИ ЧЛЕНА: Израел и САД истапија од членство во УНЕСКО!

САД и Израел денеска истапија од УНЕСКО, агенција при Обединетите нации (ОН) за образование, наука и култура, со образложение дека негува предрасуди кон Израел. Како што се наведува во веста на новинската агенција АП, одлуката за повлекување стапи во сила како што ио беше најавено во 2017 година од администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Иако се толкува за процедурален потег, сепак, јавноста е обединета во заклучокот дека ` нанесува голем удар на агенцијата во чие креирање по Втората светска војна учествуваа и САД.

Американската администрација го запре финансирање на УНЕСКО, откако нејзин член стана Палестина во 2011 година. Притоа од САД стигна и барање за „суштински реформи“ во работата и финансисрањето на агенцијата.