УНЕСКО пpeдyпpeдyвa: Moжe дa ce cлyчи „гeнepaциcкa kaтacтpoфa“ aкo ce зaтвopaт yчилиштaтa пopaди кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

УНЕСКО предупреди денеска дека во светот 20 отсто повеќе ученици во 2020 година не ги стекнале основните вештини за читање, кои се очекувани за нивната возраст, поради делумното затворање на училиштата во текот на пандемијата на Ковид-19.

– Бројот на деца со проблеми во читањето е поголем за 100 милиони, достигнувајќи 584 милиони минатата година, што е зголемување за повеќе од 20 проценти, што го неутрализира напредокот постигнат во последните две децении, наведува во деталниот извештај Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), во кој се додава дека станува збор за „генерациска катастрофа“.

Тој клучен индикатор секоја година ја мери способноста за читање на децата во второ и трето одделение во основно училиште, што е основно знаење кое ако не е солидно, може долгорочно да го попречи образованието на учениците.

УНЕСКО стравува дека ќе следи деценија од нарушување поради корона кризата и повикува на вонредни напори, како што се воведување курсеви и стратегии за да се надополни овој заостаток.

– Образованието треба да биде приоритет во мерките преземени кон здравствената криза и во плановите за закрепнување. Треба да се мобилизира меѓународната соработка за да се почитува основното право на образование и да се обезбеди континуитет во учењето, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле пред одржувањето на меѓународниот состанок на министрите за образование в понеделник.

Во извештајот се наведува дека 65 проценти од владите на земјите со ниски приходи го намалиле финансирањето на образованието, во споредба со 35 проценти од земјите со високи приходи.

„Загубите во учењето“ ќе бидат најголеми во Латинска Америка и на Карибите и во Централна и Јужна Азија.

Училиштата се целосно затворени во триесетина земји, вклучувајќи ги Мексико, Унгарија и Саудиска Арабија.

Образовните установи се целосно отворени во околу половина од земјите во светот (107), главно во Африка, Азија и Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This