дома Социјални Мрежи УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ СО ПОЛИТИЧКИ АГЕНДИ: Деканот на факултет за безбедност со политички...

УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ СО ПОЛИТИЧКИ АГЕНДИ: Деканот на факултет за безбедност со политички пораки до студентите

Деканот на државниот Факултетот за безбедност Никола Дујовски на својот профил на Твитер редовно до своите студенти испраќа политички пораки спротивно на сите етички и морални кодекси.

 

Имено тој редовно ги навредува членовите на опозицијата и се пењави по актуелните функционери на СДСМ, а сега тој се придружи и на кампањата за промена на уставното име на Македонија. Наместо професионално да ја извршува функцијата декан и да се грижи за подобрување на квалитетот на образованието на неговиот факултет, Дујовски редовно се занимава со испраќање политички пораки до своите студенти и се обидува да влијае на нивната политичка определба.

Во последниот негов твит со тешка манипулација тој се обидува да го урне движењето #Бојкотирам и агитира граѓаните да гласаат на 30-ти септември и по можност да гласаат за.
-Почитувани проф. Д-р Јанко Бачев е на чело на кампањата за бојкот. Тоа е се што треба да знаете пред да одлучите во колку часот ќе гласате на 30-ти септември!