дома Актуелно Унифopмите на полициjaтa дeфинитивнo и на албански

Унифopмите на полициjaтa дeфинитивнo и на албански

Вака ќе изгледаат двојазичните амблеми на полициските униформи. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска потпишал нормативни акти амблемите да бидат и на албански, отворајќи така пат за спроведување на албанскиот јазик таму каде што дозволува законот.

„Овие акти треба да ги одобри владата и потоа да се отворат постапки за тендер да може во пракса да се интервенира за амблемите на полицијата. Тоа е нормативна база која отвора пат и на други активности поврзани со обезбедување на амблемите и на албански јазик“, истакна Агим Нухиу.

Причината зошто оваа работа не е завршена додека на чело на МВР бил Спасовски а потоа и Чулев, Нухиу вели дека тоа нема врска со политичката волја на претходниците, туку причината е процедурална, бидејќи членовите на работната група формирана специјално за двојазичноста во МВР, неколку пати го разгледувале тоа прашање.

Да се потсетиме што велеше Заев за двојазичните униформи.