дома Социјални Мрежи УНИШТЕНО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ: Со потпис на Златко Марин уништено детско...

УНИШТЕНО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ: Со потпис на Златко Марин уништено детско игралиште и парк за да се гради зграда

Доцна синоќа во детскиот парк наспроти „Тобак 2“ во општината Аеродром, фирма која добила дозвола за изградба на стамбени објекти започна со рушење на детското игралиште на кое, како што велат граѓаните, пораснаа многу генерации

„Со потпис на #ЗлаткоМарин се издаде одобрение за градба на нови 250 станови кај Тобако 2. Детското игралиште на кое пораснаа генерации дечиња оди во историјата. #ДојдеЖивот за #Сдсм и Златко Марин! Нека ни е на здравје аеродромци!“ – пишуваат жителите на општината на социјалните мрежи.

Во истата ФБ група, во која жителите на општината ги пријавуваат комуналните проблеми и забелешки од работата на општината, беше објавена и снимка од рушењето на детското игралиште и паркот кое започна рано утрината.