дома Европа УРАГАН СЕ ДВИЖИ КОН ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Офелија доаѓа во Европа

УРАГАН СЕ ДВИЖИ КОН ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Офелија доаѓа во Европа

Тропската бура „Офелија“ премина во ураган и се движи кон Велика Британија, пренесува „Мирор“.

Сега е на 1.220 км од Азорските острови, а ветерот се движи со брзина од 120  км на час.

Научниците кажаа дека „Офелија“ ќе зајакне над Атлантикот и тоа во рок од 48 часа.

Но, сепак ќе ослабне пред да стигне во Велика Британија.

Овој викенд ќе има температури за 4 до 6 степени над нормалните, а потоа се очекува заладување.