дома Хроника УСМРТЕН ПЕШАК ВО СКОПСКО: Попладнево усмртен пешак во скопско `Ржаничино

УСМРТЕН ПЕШАК ВО СКОПСКО: Попладнево усмртен пешак во скопско `Ржаничино

Седумдесет и осум годишниот Ф.В. од скопско ’Ржаничино попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу 17:30 часот се случила на главната улица во селото.

Според информациите до кои дојде Курир, во мажот удрил автомобил „Застава“ управуван од 31 годишниот И.Ј. од Велес.

Веднаш била повикана итна медицинска помош која можела само да констатира смрт кај прегазениот пешак.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и презема мерки за нејзино расчистување.