дома Македонија УСТАВЕН СУД: Останува поништувањето на аболицијата

УСТАВЕН СУД: Останува поништувањето на аболицијата

Станува збор за одлуките за помилување донесени од претседателот на 12-ти април, што Иванов ги повлече на 6-ти јуни годинава. Иницијативата за оценување на уставноста беше поднесена по нивното објавување.

Уставниот суд одлучи- останува поништувањето на аболицијата. Судиите оценија дека одредбите се надвор од правниот поредок и не можат да бидат предмет на оценување на уставноста.

Станува збор за одлуките за помилување донесени од претседателот на 12-ти април, што Иванов ги повлече на 6-ти јуни годинава.

Иницијативата за оценување на уставноста беше поднесена по нивното објавување.

Во периодот додека беа во сила помилувањата, беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето.