дома Свет УСТАВНИ ИЗМЕНИ НА КУБА: Државата ќе се модернизира и реформира

УСТАВНИ ИЗМЕНИ НА КУБА: Државата ќе се модернизира и реформира

Откако критичарите на власта во Комунистичка Куба започнаа да добиваат популарност во јавноста, надополнето со катастрофалните показатели во економијата и деструктивното влијание на бирократијата, во земјата се погласни се размислувањата за системски и структурни промени во начинот на нејзиното управување.

Ако поминат уставните промени во наредниот месец, кои се започнати од страна на ЦК на Комунистичката партија на Куба, како што најавуваат провладините медиуми, државата ќе добие свој премиер, регионални гувернатори и општински градоначалници. Оваа реформа се иницира со цел да се намалат ингеренциите на претседателот како и целиот товар кој паѓа на негови плеќи во управувањето на државата.

Исто така се предвидува поголема автономија во управувањето на државните претпријатија како и воведување на нов даночен систем, после децении на опстојување на државата без директни даноци врз населението.

Од страна на различни експерти и познавачи на состојбите во латинска Америка се истакнува мислењето дека новиот Претседател на Куба Мигел Диез -Канел (Miguel Diaz-Canel) ги иницира ваквите реформи со цел да се прикаже во јавноста како човек кој ќе ја модернизира земјата.