дома Локално Утре бeз вода ќе останат дел од жителите во Кисела Вода, Бутел...

Утре бeз вода ќе останат дел од жителите во Кисела Вода, Бутел и Капрош

Заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-300мм на раскрсницата на ул. Босна и Херцеговина со ул. Кемал Сејфула, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Босна и херцеговина, ул. Костурска како и објектите на Поликлиника – Чаир и Медицина на трудот. ( Општина Бутел )

Поради отстранување дефект на ПП Хидрант на ул. Михаил Чаков бб, од  09:00 часот  до отстранување на дефектот,  без  водоснабдување  ќе останат корисниците од ул. Михаил Чаков и  ул. Ѓорѓи Сугаре.  (Општина Кисела Вода)

Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 300мм  на ул. Народни Херои (кај ОУ Кирил Пејчиновиќ), од  09:00 часот  до завршување на интервенцијата,  без   водоснабдување  ќе останат   корисниците од ул. Народни Херои и ул. Пушкинова. (Општина Кисела Вода)

Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф 200 мм на Бул. Партизански одреди, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата,   без водоснабдување  ќе останат корисниците од околните објекти во близина на   ТЦ Алумина, зградата на Базаро и кулата на  Горење.  (Општина Карпош)