Православната црква пропишала посебни денови – задушница, и тоа четири пати годишно, за луѓето да се молат за спокој на душата на покојникот.
На денот на задушница луѓето одат во црква, каде што се служи света литургија а после службата се оди на гробовите на починатите.
На гробовите се палат свеќи, а свештеникот пее молитва и ги окадува гробови.
Се носи пценица која потсеќа на зборовите на Исус, дека зрното дури кога умира носи род и тоа не во темнината во земја, туку во светлоста на сонцето.
Исто така и вино со кое попот ја полева пценицата за кое се верува дека ги леци раните од гревовите.
Свеќа е симбол на Христовата светлина, која нè потсети дека Христос е светлина која ја осветлува душата на покојникот.