дома Локално УТРЕ И ЗАДУТРЕ ВО СКОПЈЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ:Поради одигрувањето на суперкупот на...

УТРЕ И ЗАДУТРЕ ВО СКОПЈЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ:Поради одигрувањето на суперкупот на УЕФА, во Скопје воведен посебен сообраќаен и пешачки режим

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради одигрувањето на суперкупот на УЕФА (закажан за 08.08. на фудбалскиот стадион – Арена “Телеком“ во Градскиот парк во Скопје) од утре (07.08.) ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

Од утре во 08,00 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 09.08. на потегот од крстосниците на улиците “Аминта Трети“ (поранешна “Ленинова“) и “Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА.

Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот “Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата “Рузвелтова“.