дома Македонија УТРЕ ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕТО: Метју Нимиц во Скопје ќе го пречекаат демонстранти...

УТРЕ ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕТО: Метју Нимиц во Скопје ќе го пречекаат демонстранти со паролата – името не го даваме!

Движењето „Единствениот македонски пат“ најави за утре протести против промена на името, и како што велат, нелегитимните капитулантски спогодби и преговори.

Протестот е закажан за во 17 часот од пред Собранието на Република Македонија, а организаторите планираат да испратат директна порака до медијаторот Метју Нимиц да се повлече од позицијата за посредување на спорот со името, проблем што го оценуваат како наметнат, крајно асиметричен и апсурден.

Тие апелираат протестот да биде достоиствен, а секој учесник да биде совесен и да не го нарушува јавниот ред и мир.

По завршувањето на дводневната посета во Атина, посредникот на Обединетите Нации, утре доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.