дома Македонија УТРЕ СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА СДСМ: До утре ќе знаеме дали...

УТРЕ СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА СДСМ: До утре ќе знаеме дали ќе има предвремени парламентарни изброи

Владејачката партија СДСМ за утре попладне закажала состанок на Извршниот одбор, објави Плусинфо.

Состанок се најавува веќе подолг период и од него се очекува конечно да биде познато дали власта ќе ја прифати фрлената ракавица на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори напролет заедно со претседателските.

Освен одлуката за двојни избори, паралелно во СДСМ се бара и претседателски кандидат. Анкетите се спроведуваат, а пред точно една недела партијата отвори и повик за доставување кандидатури за претседателските избори.