дома КОВИД-19 (Коронавирус) Утре ќе се одржи симулација на вакцинација во „Борис Трајковски“

Утре ќе се одржи симулација на вакцинација во „Борис Трајковски“

Како ќе изгледа процесот на масовна имунизација во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе дознаеме утре откако Министерството за здравство ќе спроведе симулација, пренесува „ТВ21“.

Симулацијата е закажана во 11 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на самото место каде што ќе се спроведува вакцинацијата.

На настанот ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.