МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-4 Берово, -2 Тетово, Струмица, -1 Битола, Маврово, Скопје Петровец, 0 Гевгелија, Д. Капија, 1 Кр. Паланка, Прилеп, Лазарополе, Куманово, Скопје, Штип, 2 Охрид, Претор, Дебар, 3 Крушево, 4 Тополчани, Виница, Пожаране, Ѓуриште, 5 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта времето беше ведро со мала облачност, студено и претежно тивко. Утринава во повеќето котлини има појава на магла, ниска облачност и магла со намалена видливост. Најизразена е во Д.Капија и Полошката котлина и југоистокот каде видливоста изнесува до 200м.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и претежно тивко, со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност со намалена видливост, особено претпладне. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 12 до 18 степени.
Скопје Сончево и претежно тивко, со мала локална облачност. Претпладне со појава на магла и ниска облачност. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 13 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.
Дежурен синоптичар: инж. мет. Лена Јовановска