дома Временска Прогноза УХМР најавува голема промена на времето од утре

УХМР најавува голема промена на времето од утре

Времето денес: Претпладне понекаде во котлините ќе се задржи слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: претпладне по малку магливо, а преку денот сончево со слаб јужен ветер. T= 14 °C, P= 980 hPa, U= 44 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Утре не очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат претпладне во западните делови, а поизразени ќе бидат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во вторник променливо облачно со повремен локален дожд претежно во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец поизразен попладне.

Времето во среда претежно облачно, на југоистокот со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во јужен.