дома Временска Прогноза УХМР: Подгответе се за нова тура снег

УХМР: Подгответе се за нова тура снег

Утре претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, a на планините постепено ќе поминуваат во снег, особено попладне.

В недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег.

Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално околу 10 л/м2, а во понеделник претпладне ќе престануваат. В недела и понеделник ќе има благо опаѓање на дневнaтa температурa која ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.