дома Временска Прогноза УХМР со детална прогноза: Ново изненадување со времето

УХМР со детална прогноза: Ново изненадување со времето

Времето утре ќе биде претежно облачно со појава на слаба магла по котлините и по речните долини, каде ќе преовладува претежно тивко. На повисоките места и на планините ќе има сончеви периоди а ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Локално, особено во јужните и западните делови на земјава ќе има услови за слаби проврнувања на дожд, а снег на планините.

За викендот дневната температурата ќе опадне за неколку степени. Од понеделник пак се очекува опаѓање на утринската а преку  денот покачување на дневната  температура.